Струга во сабота ќе биде домаќин на првиот зимски шаховски фестивал „Езерска кралица 2023“. На првото Фестивалско издание кое ќе се одржи во приватното училиште „Јахја Кемал“, како што информира Ѓоко Котески од Младинската шаховска школа Струга, ќе учествуваат млади шахисти поделени во четири категории, од 8,10,12 и 14 години.

Младинскиот турнир го организираме поради големиот интерес на младите за учество на натпреварувачки турнири. Организацијата ја реализираме во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, истакна Котески.

Според него, за учество на шаховскиот Фестивал пријавени биле над 40 деца, а повикот е отворен до петок, 22 декември.

OhridNews