Охридскиот бенд Геврек го сними првиот спот за нивната најнова песна насловена како „Патувам“.

Спотот го реализираше младиот и се поуспешен режисер од Охрид Даниел Јовески.


Бендот „Геврек“ постои од 2009 година. На почетокот изведуваше преработки на познати странски хитови, по што следат многу настапи низ државата. Бендот зад себе има и еден албум.

„Геврек“ се: Иво Нелоски – вокал, ритам гитара и виолина, Никола Јосифоски – клавијатури, вокал и перкусии, Јован Бочвароски – гитара, Крсте Симиџиоски – бас гитара, и Никола Тони – тапани.

OhridNews