Во организација на Фондацијата „Климент Колески“ – Охрид, претстојниот викенд (7 и 8 декември) во Охрид, ќе се одржи Првиот турнир во фудбал за деца „Климент Колески – 2013“.
Турнирот се одржува по повод празникот Св. Климет Охридски – Патрон на Охрид, аво спомен на големиот вљубеник во спортот Климент Колески, кој беше исклучително посветен на најмладите кои неизмерно ги сакаше и поддржуваше.
На турнирот учество ќе земат шест екипи: Металург и Работнички од Скопје, ЛГод Битола, Победа од Прилеп, Караорман од Струга и Фудбалската академија Пандев 10 – јуниор од Охрид. Екипите ќе настапат со по две генерации играчи и тоа 2002 година и помлади и 2004 година и помлади. Тие силите ќе ги одмерат во спортските сали „Билјанини извори“ и “Климент Колески“ во Охрид.
Tурнирот има натпреварувачки карактер, а за најдобрите генералниот покровител – Фондацијата „Климент Колески“, обезбеди пригодни награди.
Свеченото отворањето на турнирот е во сабота, 7. Декември, во спортската сала „Билјанини извори“ во 11.30 часот. Натпреварите започнуваат од 13 часот и тоа генерација 2004 во с.с. „Билјанини извори“, додека генерација 2002 во с.с. „Климент Колески“. Елиминациските натпревари во недела, 8. Декември започнуваат во 9.30 часот. Доделувањето на пехарите и признанија за најдобрите ќе се одржи во 14 часот во спортската сала „Билјанини извори“.
Влезот на натпреварите од Првиот турнир во фудбал за деца „Климент Колески – 2013“ е бесплатен.
Фондација „Климент Колески“ – Охрид
е-mail:[email protected]