Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вечерва го победи Германецот Александар Зверев во финалето на Отвореното првенство на Франција со 3:2 (6:3, 2:6, 5:7, 6:1 и 6:2).
Мечот траеше 4 часа и 20 минути.
Шпанецот сервира три асови, направи шест двојни грешки и реализира девет брејк топки од вкупно 16 шанси.
Зверев имаше осум ас сервиси, шест двојни грешки и шест реализирани брејк топки од вкупно 23 можности.
Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Претходно ги освои УС Опен (2022) и Вимблдон (2023). Шпанецот ги освои сите три Грен слем финалиња во кариерата на кои беше учесник.
Зверев вторпат во кариерата стигна до финале на Грен слем турнир и повторно загуби. Во 2020 година, тој загуби од Доминик Тим во финалето на УС Опен.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесуваше 53,5 милиони евра.
OhridNews