Македонската женска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година, триумфирајќи вечерва на гостински терен во Рига над Латвија со 4-1 (2-1).
Гентијана Рочи веќе во 9. минута го отвори резултатот, а на 2:0 зголеми капитенот Наташа Андонова во 28. минута.
Само две минути подоцна противникот успеа да го намали резултатот преку Татјана Баличева и за момент да ја врати неизвесноста во натпреварот.
Во продолжението од средбата, избраничките на селекторот Кирил Изов постигнаа уште два погодоци, преку Улза Максути (51) и Андонова (63 пенал).
По три одиграни натпревари, македонските фудбалерки се на четвртото место во групата Д со три бодови, а следен противник во вторник во Охрид ќе им биде репрезентацијата на Луксембург, која е последно пласирана со два порази.
OhridNews