Македонскиот претставник на Евросонг, охриѓанецот Ѓоко Танески, вечерва во Универзалната сала во Скопје ќе го одржи својот прв солистички концерт.

Ѓоко пред обожавателите ќе ги отпее песните од своите два албуми „Збогум најмила“ и „Никогаш доста“, како и светски хитови. На концертот што започнува во 20.30 часот како гости ќе се појават и повеќе познати домашни музилки имиња.


Прв солистички концерт на Ѓоко Танески

 
Во понеделник Ѓоко Танески ќе добие благослов за Евровизија од Македонската православна црква, а во вторник со автомобил заминува за Осло каде ќе настапи со песната „Јас ја имам силата“.

OhridNews