Предворје на црква Св. Софија
Од 24.09.2022 - 18:00 до 24.09.2022 - 20:00
Прв соличстички концерт на македонскиот музички состав „Лилит“ во Охрид. Публиката ќе може да ужива во звуците на убавата музика на 24 септември во предворјето на Света Софија во Охрид, со почетокот во 18 часот. Влезот за концертот е слободен.
Конечно ќе имаме прилика заедно да му дадеме живот на нашето првенче – албумот „ЧУДО“. „ЧУДО“ е дете на искрена, бескомпромисна љубов кон музиката. Без желба за идентификација со било кој музички жанр, бидејќи секоја идентификација е рамка, овој албум ги дава контурите на еден слободен ентитет кој стои позади името Лилит. Тоа се луѓе од различни планети кои Лилит ги транспортира на Земјата, и само тука имаат смисол и логика. За да Ве разгалиме дополнително, со Вас ќе споделиме дел од звуците кои ќе се најдат на нашиот втор албум, велат од бендот.
На почеток на годинава „Лилит“ го објави деби албумот насловен „Чудо“ во кој се сместени 12 композиции, меѓу кои и четирите досега објавени синглови, „Чудо“, „Миризлива градина“, „Хоризонт“ и „Одговор“. Истоимениот прв сингл беше издаден во 2019 година, па така, албумот е круна на 3 годишно активно творење.
Од бендот најавуваат дека наредниот ден по концертот во Охрид, следи и концертот во Скопје односно на 25 септември со почеток од 18 часот бендот ќе настапи и пред скопската публика во Филхармонија Кафе Бар.
OhridNews