Според првичните информации станува збор за 32-годишен маж кој бил примен завчера со висока температура и отежнато дишење.
Според директорот на инфективната клиника Звонко Миленковиќ, пациентот починал за 46 часа откако бил хоспитализиран. Тој манифестирал брз, тежок, прогресивен развој на инфекција на долните дишни патишта која го зафатила срцевиот мускул и други органи.
Министерот за здравство Бујар Османи објасни дека пациентот веднаш бил подложен на соодветна терапија, вклучен на респиратор, но, за жал, сите обиди да му се помогне завршиле без успех.
Тој напомена дека пред појавата на овој случај и сега системот останува максимално ангажиран да ги елиминира сите последици од оваа неизбежна пандемија.
Во тешка состојба се наоѓа и 56-годишна жена која боледува од хронична срцева слабост.
На скопската Клиника во последните 24 часа се хоспитализирани девет пациенти со симптоми на новиот грип.