Министерот за здравство Оливие Веран соопшти дека е регистриран првиот смртен на случај на болнички лекар заразен со вирусот, јави дописникот на МИА. Според него, ова е прв ваков случај. Министерот не го прецизираше регионот каде работел овој лекар. Според Франс 3, жртвата е лекар за итни случаи од Компиењ, во Оаз, едно од првите жаришта што се  најпогодени во Франција, а починал по неговото пренесување во Лил.

Франција е можно да ги продолжи мерките за останување дома на четири недели, во текот на утрешниот ден ќе се знае одлуката на групата на експерти.

Во Франција во последниве 24 часа беа регистрирани 112 нови смртни случаи, со што бројот достигна 562, наспроти 450 во петокот. Во моментов 6.172 лица се наоѓаат на болничко лекување од кои 1.525 се на интензивна нега.

OhridNews