Државната изборна комисија -ДИК денеска го изврши жребувањето за редоследот на кандидатите за претседател на државата на гласачкото ливче.

Бројот 1 на гласачкото ливче му припадна на Имер Селмани од Нова демократија, бројот 2 на Мируше Хоџа од ДПА, бројот 3 на Нано Ружин од ЛДП, брјот 4 на Ѓорге Иванов од ВМРО – ДПМНЕ, бројот 5 на независниот кандидат Љубе Бошкоски, бројот 6 на Агрон Буџаку од ДУИ и бројот 7 за претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

Претседателските избори ќе се одржат истовремено со локалните избори на 22 март.