Во Багдад наредниот месец ќе се одржи првиот саем на цвеќето во историјата на градот.
“Поканети се претставници на 24 земји, вклучувајќи и европски компании, да учествуваат на фестивалот кој ке почне на 15 април и ќе трае една седмица”, изјави Хаким Абдел Захра, претставник за печатот на градот со 6 милиони жители кои зад себе ги оставија шесте најкрвави години во својата историја.
Саемот ќе се одржи во паркот Завра, најголемата зелена површина во ирачката престолнина.
Властите за одржување на овој саем го одбрале април како месец кога сите ја слават пролетта и кога животот се раѓа одново.
Тие го вложуваат својот максимум во организирањето на оваа свеченост на која ќе учествуваат европски и азиски ботаничари.