Во ресторанот „Боними“ со коктел женскиот ракометен клуб „Моби Дик 2012“ го прослави првиот роденден.

Во првата година од нивното постоење тие не само што го вратија женскиот ракомет на охридската спортска сцена туку го издигнаа на многу повисоко ниво. За тоа говори есенската титулата во Првата лига и повеќе од 300 активни ракометарки во клубот.

– Нашата бајка вие ја направивте јаве оваа година. Никој не се надеваше на ваков расплет, но ова е спорт и секогаш знае да изненади – рекоа од клубот Моби Дик.

Изненадувањето на вечерта го приредија најмладите од „Моби Дик“ кои со стихотворба им се заблагодарија на сите пријатели на клубот.

Мх.П.