Македонската ракометна репрезентација вчеравечер загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме). Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024.
Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и водство со 20:19 на петнаесетина минути пред крајот.
Најефикасни во македонскиот национален тим беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов.
Двете репрезентации в недела во Порто ќе го одиграат уште еден натпревар.
Португалците се први на табелата со максимални шест бода, Македонците имаат четири на втората позиција, Турција е трета со два бода, последен е Луксембург без освоен бод.
OhridNews
фото. МИА