Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз од Грузија во 3. коло Ц-сегмент од Лигата на нации. Синоќа на „Тодор Проески“ во Скопје пред околу 10 илјади гледачи Грузијците победија со убедливи 3:0.
Стрелци на головите за гостинската селекција беа Буду Цицивадзе во 52. Квича Кваратскелија во 62. и Отар Китеишвили во 84. минута.
Грузија како што и најави пред натпреварот, дојде во Скопје и се реваншира за поразот на нивни терен во минатиот циклус, во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди на Европското првенство 2020.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни да сторат нешто повеќе, посебно ова се однесува на второто полувреме.
По овој пораз „црвено-жолтите“ останаа на четири бода и речиси ги загубија шансите за првото место во четвртата група, а со тоа и пласман во полуфиналето во плејофот. Грузија со максимални девет бода од три натпревари е лидер на табелата.
На вториот натпревар во оваа група, Гибралтар и Бугарија одиграа нерешено 1:1. Бугарите имаат два бода, Гибралтар еден.
OhridNews
Фото: Миа/EPA-EFE/Георги Личовски