Македонскиот шампион Вардар Про, во третиот меч од Ц групата во ракометната Лига на Шампиони, го доживеа  и првиот пораз на гостувањето против фаворизираниот шпански претставник Адемар Леон. Вардарци загубија со 28:21 и сега екипата на Адемар е водечка во Ц групата со 5 освоени бода, додека Вардар Про останува на 3 освоени бода.
Претходно Вардар на домашен терен го совлада Шафхаузен, а успеа да се избори за реми на гостувањето во Загреб против Кроација О. Наредното 4 коло се игра на 10 Ноември а македонскиот шампион во Кале ке го пречека Кире Лазаров и Кроација Осигурување. 
 

Георгиевски на местото на Милошески

Поради семејни обврски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец го ослободи од обврските првиот голман на нашиот национален тим, Петар Милошевски и на неговото место го повика голманот на ФК Вардар, Јорде Георгиевски.