Репрезентацијата на Кореа со 35-27 (19-10) ја совлада Македонија, забележувајќи ја втората победа која им обезбеди пласман во “главната“ рунда.
Кореанките го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар, нашата репрезентација понесена од 3.000 публика успеваше да стигне само до минус пет.
Селекторот Новко Ѓорѓиески на прес конференцијата рече :
– Загубивме еден натпревар од кој може да научиме многу. Ова беше одлична можност да гледаме модерен и брз ракомет.
Денес на програмата (21 часот) Македонија игра против селекцијата на Хрватска.