Екипата на Лабуништа го претрпе првиот пораз во тест средбите во подготвителниот период, откако изгуби 0-1 (0-0) од Победа на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Двете екипи започнаа отворено, но мрежите мируваа во првиот дел. Прилепчани, погодокот за минимален триумф го постигнаа на стартот од вториот дел. Стрелец на голот беше Дарко Анастасовски.

Победа во втората полусезона во Втората лига-исток ја очекува жестока борба за опстанок, додека Лабуништа низ тест мечеви ќе ја темпира формата за фудбалска „војна“ во западната конкуренција.

OhridNews