Научниците со камера успеале да ја снимат џиновската морска змија за која сметаат дека е одговорна за сите легенди за морските змии. Длабоко во Мексиканскиот Залив научниците го снимиле животното неколку минути. Снимката успеале да ја уловат со помош на минијатурно возило на далечинско управување кое го користат нафтените компании за испитување на теренот во заливот.
Змијата е снимена на дното од заливот. Таа е најдолгата риба на светот со змијовиден облик. До сега никогаш не била снимена во своите природни живеалишта, а била забележана само кога испливувала на копното за да умре или кога веќе била мртва. Може да достигне должина до 17 метри, а на горниот дел од телото има меки пераи кои и даваат подвижност низ водите.