Првиот меѓународен саем за туризам денеска ќе биде отворен во Охрид. Саемот се очекува да го отвори премиерот Никола Груевски на свеченост што вечерва(19ч.) ќе се одржи во хотелот Инекс „Горица“.
Саемот кој инаку се одржува во спортската сала „Билјанини извори“ веќе е отворен за посетителите, а отворени се и речиси сите штандови. Ова е извонредна можност земјите од регионот да создадат туристички производ кој ќе биде атрактивен на светсскиот пазар, ни изјави Васо Гочичиќ, директор и сопствениј на туристичката агенција „Кук“ од Сараево, БиХ.
Саемот ќе се одржи во салата Билјанини извори
На саемот за туризам свои производи ќе изложат педесетина хотелиери, туроператори и туристички агенции, а ќе се претстват и винарии, производители на храна, занаетчии и други. Покрај ова во х. Дрим во Струга ќе се одржи и гастро натпревар.
Во рамки на саемот ќе се одржи и Форум на кој седумдесетина учесници ќе разговатаат за формирање регионален туристички производ што е битно за влегувањето на Македонија во туристичката понуда на земјите од регионот.
Учесниците на туристичкиот саем во поголем дел вчера пристигнаа во Охрид. Денеска тие ќе ги разгледаат културно-историските знаменитости на градот, а во сабота ќе бидат присутни на фрлањето на чесниот крст во водите на Охридското Езеро за празникот Водици.
Отворен саемот за Туризам во Охрид
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски