На Тиквешкото езеро и на реката Вардар за првпат во Македонија се одржа камп во спортско рекреативен риболов за кадети и јуниори, во организација на Македонската риболовна федерација. Кампот кој траеше три дена го посетија над 40 кадети и јуниори од сите градови на Република Македонија на возраст од 7 до 15 години.
– Кампови од овој вид недостасуваа во Р.Македонија што го потврдува и големиот интерес на пријавени учесници, овие кампови ќе бидат традиционалени, и ќе се одржуват секоја година, само со проширени и дополнети содржини, и ќе траат најмалку 7 дена, Овие кампови може да прераснат во шлола за риболов која недостасува во Македонија, која располага со огромен воден потенцијал – истакна генералниот секретар на федерацијата Бранислав Димоски.
Инструкторите во спортско рекреативен риболов ги запознаа учениците со основните техники на риболов , од повеќе начини на врзување на јадици , па се до посовремени риболовни техники како што е „штек“ техниката.
–
Младите риболовци се запознаа и со етичкиот кодекс на однесување на вода ,потоа значењето на рибниот фонд и неговата заштита , дозволени и недозволени средства за риболов, се запознаа со меѓународните правила за натпревари, како и со основи на екологија поврзани со риболовните води во Р.Македонија , а добри познавачи на рибниот фонд ги запознаа со основните карактеристики на сите видови риби кои живеат во Тиквешко езеро. Во практичниот дел на Тиквешко научија како да ја примат рибата и како да ја уловат , како да одредат соодветна пливка, јадиче за таа вода и тој вид риба, правилен распоред на олова, одредување длабочина односно снимање на теренот , начин и ритам на прихранување и правилно откачување на рибата без да се повреди за да може да се врати во вода – рече Радован Димитриески од македонската риболовна федерација.
Како финален, завршен дел од камот се организира Куп на Македонија „Рибарче 2010“ за кадети и јуниори во спортски риболов во дисциплината лов риба со јадица на пливка.
Во кадетска и јуниорска кокуренција неприкосновена беше екипата на „Металург“ од Велес која ги улови златните пехари и сите златни медаљи.
За второто место борбата беше неизвесна , три екипи имаа ист број на поени и одлучи килажата на вкупно уловената риба на секоја екипа, второто место го освои екипата на „Пчиња од Куманово со 12 негативни поени и вкупен улов од 2440 грама.
Бронзата ја освои екипата Црна Река од Битола со 12 негативни поени и уловени 2345 грама риба. На екипата на „Дошница“ од Демир Капија трето место и избега само за 45 грама односно еден костреж или две плашици.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com