Кајак-кану клубот Дрим од Струга заедно со Меѓународната организација на пловни спортски клубови на 19 септември во водите на Охридското езеро ќе го организира првиот Кајакарско Веслачки Маратон „Струга – Охрид“ во должина од 11 километри.
Стартот на премиерното издание на маратонот е предвиден пред хотел Дрим во Струга во 8 часот додека целта во Охрид кај Црквата Св.Јован Канео пред летна Бавча Канео.
Право на учество на маратонот имаат сите спортисти од кајак-кану и веслачките клубови во Македонија и странство и сите заинтересирани поединци кои имаат сопствено пловило и се со беспрекорна здравствена состојба. Ќе се весла само во две категории машки и женски без старосни ограничувања.
Организаторот за учесниците има обезбедено маици со стартен број, оброк и пијалок, а за победниците и медали. Во текот на маратонот за здравјето на учесниците ќе се грижи специјална медицинска екипа.
Сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 14 септември кај организаторот Црн Дрим од Струга со наведување на врста на пловило и име и презиме.
Организаторот има право за евентуални измени за датумот и часот на стартот во случај на неповолни временски услови, но со навремено известување до сите учесници.
Од тие причини во пријавата треба да има и контакт телефон или Е-маил адреса.
Ohridnews