Прв хуманитарен планинарски марш Трајан Целески – Тачо, во чест на неговиот прерано згаснат живот, ќе биде одржан на 13.11. 2021 година, со време на тргнување во 9:30 часот кај спортско игралиште во населба Видобишта.

Деновиве навршува една тажна година откако нашиот другар Трајан Целески Тачо не е веќе меѓу нас. Неговото тело во маратонска трка со опаката болест не успеа да издржи, но неговиот борбен дух, неговата позитивна енергија и харизма останаа да струјат меѓу сите нас кои имавме чест да другаруваме со Тачо. Борбата за неговиот живот прерасна во симбол на хуманост и сплотеност, пример како еден град, една заедница треба да постапуваат кога е во прашање животот на своите, особено, млади жители, велат организаторите.

Патеката која е предвидена за маршот е Видобишта – Црква Св.Никола – Велгошти – Видобишта во должина од 10км во два правци и со времетраење од 3,5-4 часа.

Организаторите велат дека ќе се почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.

OhridNews