Охрид добива ново катче за одржлив начин на живот! „Училишта без пластика“ во соработка со Младински Центар Охрид го организираат првиот Еко пазар, место каде што граѓаните ќе можат да купуваат и продаваат стара, но зачувана облека, играчки, книги, слики и други предмети.

Еко пазарот нуди одлична можност за сите кои сакаат да ги продолжат животните циклуси на своите омилени предмети, наместо тие да завршат на депонија. Оваа иницијатива има за цел да ја намали стигмата околу користењето облека и предмети од втора рака и да поттикне нови навики кај граѓаните – навики кои се во духот на бавната мода, повторната употреба и одржливата потрошувачка, вели Јован Цветкоски од Младински Центар Охрид.

Еко пазарот ќе се одржи утре во просториите на Младински центар (поранешната Касарна) во периодот од 12 до 14 часот.

Ајде заедно да создадеме поздрава животна средина и да ја негуваме културата на реупотреба. Повелете, разгледајте, купете, разменете – и најважно, уживајте во дружењето!, порачуваат организаторите.

OhridNews