Во рамките на прославата на 10 Мај, Патрониот празник на училиштето “Ванчо Николески” од Лескоец, деновиве беше промовирано  и првото ЏЕБНО ИЗДАНИЕ на училишниот весник. Џебниот весник содржи дваесет страници исполнети  со  трудови на ученици и наставници, како и повеќе од 80 фотографии кои говорат за работата на училиштето и за модерниација на образованието. Кон џебното издание стои  и џебен прилог: личната карта на училиштето преку која читателите  и посетителите можат да дознаат пошироки информации за ОУ“Ванчо Николески”.


Идејата за  необичниот џебен весник е на проф.Димче Донески, главен уредник на изданието,  кој во соработка со ученици и колеги успеа да им презентира на посетителите и пријателите на училиштето едно навистина практично и функционално џебно “богатство на трудови и фотографии” .
           
Во џебниот весник  има почесни страници за пораки од најискусните  наставници  (пред пензионирање) како и за писма со спомени  од поранешни  ученици. Целта на џебниот весник е повеќе низ слика и суштествени податоци и ставови да се зборува за  достигнувањата во воспитно-образовната дејност на училиштето.


           
Прославата  на патронатот беше збогатена и со пригодна приредба на која учениците  под менторство на проф.Емилија Блажеска ја поставија претставата за “Пепелашка” , а  хорот , под раководство на наставникот Зоран Николиќ музички ја илустрира приредбата.

Прославата, како што е ред, заврши со торта и музика, и фотографирање за спомен.

OhridNews