Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи првиот академски час од академската 2024/2025 година.
Свечениот час ќе го отворат продеканот за настава на ФТУ, Проф. д-р Бранко Николовски, проректорот за настава на УКЛО, Проф. д-р Цветко Андреески, директорот на Царинска управа на Македонија, Г-дин Бобан Николовски, заменик директорот на Царинска управа на Македонија, Г-дин Гарип Каба, претседателот на Управниот одбор и Генералниот извршен директор на Шпаркасе банка, Г-дин Санел Кустурица и претставникот на Македонија осигурување и професор, Проф. д-р Климе Попоски.
Академскиот час ќе започне во 12 часот во амфитеатарот на Факултетот.
OhridNews