Студентите кои оваа година се запишаа во прва година на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле во Охрид, првиот академски час ќе го имаат денес онлајн од 12 до 13 часот. Студентите можат да се приклучат преку линкот кој е објавен на веб страната на факултетот.

На Универзитетот за информатички науки и технологии студентите бираа помеѓу  четири годишните насоки: Компјутерски науки и инженерство, Комуникациски мрежи и безбедност, Машинска интелигенција и роботика, Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент, Применети информатичко-комуникациски технологии (Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура) и помеѓу три годишни програми: Информатички системи, Визуелизација, Дигитална мултимедијална и анимациска техника.

Првиот академски час на Факултетот за Туризам и угостителство ќе се одржи на 04.10.2021 во 11 часот во преддворјето на црквата Св. Софија, каде обраќање ќе имаат Ректорот на УКЛО и Деканот на ФТУ.

Студентите во прва година на ФТУ имаа можност да се запишат во една од вкупно шест студиски програми и тоа: Туризам, Царина и шпедиција, Осигурување, Гастрономија, Хотелско ресторански менаџмент и Менаџмент во услужен сектор и две од студиските програми кои се одвиваат на англиски јазик односно Туризам и Царина и шпедиција.

OhridNews