Една швајцарска компанија за накит од Женева објавила дека го направила првиот прстен на светот за чија изработка не бил користен никаков племенит метал, туку само брусен дијамант, и тоа од 150 карати. Неговата вредност изнесува 70 милиони долари. Прстенот бил направен од само еден дијамант, а неговите дизајнери почнале да го правата уште минатиот април.

Освен што е единствениот прстен на светот направен само од дијамант, овој прстен го имал и најголемиот „камен“ за еден веренички прстен, дури 150 карати, со што го засенил вереничкиот прстен на Елизабет Тејлор кој била од 33,19 каратен дијамант. Прстенот на Ким Карадшиан бил од 20,5 карати, а на Бијонсе од 18 карати.