Авионското запрашување против комарци во општина Охрид заврши денеска, еден ден порано од предвиденото.

– Со оглед на високиот степен на ефикасност во запрашувањето против комарци што беше спроведено вчераутро и утринава на подрачјето на охридска општина од „Свети Наум“ до вливот на „Сатеска“ во Езерото, наместо до утре, акцијата за запрашување против комарци, заврши со денешното прскање.-информираат од локалната самоуправа

Оттаму ги  известуваат пчеларите дека од сабота изутрина можат да ги пуштаат пчелите од кошниците односно нивното одгледување да го третираат нормално.

OhridNews