Запрашувањето ќе го опфати целиот простор на општината, почнувајќи од крајбрежниот појас вдолж плажите, заклучно со внатрешните граници на општина Охрид. Како средство ќе се употреби препарат кој не влијае негативно врз здравјето на луѓето.
За натамошниот тек на активностите, граѓаните навремено ќе бидат известувани. Посебно, известувањето се однесува на имателите на пчелни семејства на кои им се препорачува истите да бидат затворени во периодот на запрашувањето, соопшти локалната самоуправа.