Се бара фирма која ќе го изврши планираното прскање против комарци.

Од Локалната самоуправа информираат дека, согласно Законот за јавни набавки, претстои распишување на тендер за најповолен понудувач кој би го извршил прскањето. “Во буџетот на општината се предвидени средства за оваа намена, но додека не заврши тендерот не може прецизно да биде утврден датумот кога ќе се изврши запрашувањето”, вели потпаролот на Локалната самоуправа, Никола Маневски. – Од особено значење се и временските прилики, потенцира Маневски, бидејќи прскањето не би имало ефект доколку времето е врнежливо.

Првично прскањето против комарци од страна на Локалната самоуправа беше најавено дека ќе се врши кон крајот на месец мај.  

OhridNews