Прозирниот фустан кој Кејт Мидлтон го носела како студентка во 2002 година на една добротворна ревија бил продаден на анонимен купувач за 78 илјади фунти, речиси десет пати повеќе од првобитната цена. Инаку, самата изработка на фустанот од црна чипка со сини и златни детали своевремено чинела само 30 фунти.


Колкава е популарноста на идната британска кралица говори и фактот што нејзиниот фустан достигнал далеку повисока цена од облеката на принцезата Дајана која се нашла на истата лицитација. Фустанот, со кој Кејт наводно го завела принцит, на аукција бил ставен од нејзиниот креатор, младата модна дизајнерка Шарлот Тод, која фустанот го направила како своја дипломска работа.