Фудбалерот за врска Александар Ѓорѓиески сезонава која доаѓа ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, откако го засили тимот на Борец од Велес.
Охриѓанецот е едно петте засилување на екипата, која денеска во клупските простории официјално ги претстави. Ѓорѓиески изминативе две сезони го носеше дресот на Охрид и беше незаменлива алка во мозаикот на Драган Бочески.
Ѓорѓиески потпиша едногодишен договор со Борец, со опција соработката да биде продолжена за уште една година.
Покрај охриѓанецот нови играчи на Борец се Ристе Каракамишев (Силекс), Кристијан Николовски (Пелистер), Енсар Љума (Шкендија) и голманот Стефан Јакимовски (Кадино).
Мх.П.