Голем број гости присуствуваа на свеченото отварање на новиот спа центар “SPARADISE“ синоќа во Охрид. Отварањето го збогатија манекенки, музички ѕвезди и многу забава, а присутните не го криеја воодушевувањето од потенцијалите на новиот спа центар кој се наоѓа на ул. „15 Корпус“. „SPARADISE“ е опремен со финска сауна, турска бања, фитнес центар, базен,
специјални топли лежалки и центар за масажа. Спа центарот има и посебен
ВИП оддел и кафетерија и нуди голем број други погодности, што го прави
единствен во регионот.


Провокативно отварање на спа центарот “SPARADISE“ во Охрид


Ohridnews
фото: Дигитал фото Мики