Рафаел Надал (25), моментално втор светски тенисер, позирал полугол на фотографиите за рекламната капмања на модната куќа “Емпорио Армани“. Освојувачот на десет Гренд Слем титули се сликал во фармерки и долен веш од колекцијата есен-зима 2011.
Тенисерот ја промовирал новата колекција и фотографиите во продавницата на Армани во њујоршкиот трговски центар “Macy’s”, каде што го дочекале неколку стотици обожаватели.
фотографиите се направени на Мајорка, од каде потекнува Надал, а авторот е Стивен Клајн.
Минатата година машката колекција ја рекламираше фудбалерот Кристијано Роналдо, а женската актерката Меган Фокс, која оваа година ја замени пејачката Ријана.