По завршувањето на синоќешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ дел од присутните останаа да спијат спроти зградата на Собранието. Тие, како што јавуваат медиумите, ќе останеле во кампот да ја бранат демократијата и изборната волја на мнозинството гласачи. Истакнуваат дека Собранието е симбол на државноста и дека ќе останат се додека не се отфрли во целост загрозувањето на државните и националните интереси кое го правеле СДСМ и Сорос.

Во неделата, по завршувато на антивладиниот протест, дел граѓани останаа да спијат во импровизиран камп пред владата се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.

OhridNews

извор РСЕ