По чистката во врвот на партијата, СДСМ сака да внесе нова енергија  и во општинските организации. За таа цел партискиот врв деновиве донесе одлука да се изврши избор на нови раководства во сите 78 ограноци.

Постапката за избор на нови локални раководства започнува веднаш и треба да заврши најдоцна до средината на септември, информираат од партијта. Право да се пријават за раководни функции во ограноците ќе имаат и актуелните претседатели на општинските организации, иако партијата не крие дека интенција е да се освежи базата со нови кадри.

Ohridnews