Кристин Кудини (24) од Ковентри, Велика Британија, мислела дека продавачката се шегува кога не сакала да и продаде солена пита затоа што изгледала помлада од 21 година. Продавачката ја замолила да ја докаже својата полнолетност со некој личен документ.
Девојката изјавила дека се почувствувала многу непријатно бидејќи отишла да купи само пита. Продавачкта, пак, смета дека не направила ништо невообичаено. Сопственикот на продавницата и се извинил на девојката бидејќи за купување солена пита не е потребно да се покажуваат лични документи.