Предавачи од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид извршија теоретска обука на водичите во Охрид и Скопје, по што тие полагаа практичен испит. За покажаните знаења тие добија сертификати. Со полагање практичен испит ќе бидат проверени реалните знаења на водичите, на чија адреса во минатото се упатуваа бројни критики за начинот на кој дел од нив ги пренесуваат фактите за македонското културно и природно наследство.
Пилот проектот за практична обука на туристичките водичи што го реализираа Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и националната агенција за поддршка на проекти со помош на Здружението на туристички водичи и Стопанската комора за туризам, финансиски го поддржа Кралството Норвешка.