Пожарникарите во Австралија три часа спасувале еден 53-годишен човек кој за време на голема бура се нашол на стрмен покрив на една фабрика. Хеликоптер го осветлувал покривот додека пожарникарите со специјални скали стигнале до него.
Заглавил поради силното невреме и стрмниот покрив, а полицијата верува дека сакал да провали во зградата бидејќи кај него пронашле клешти за лим и друга опрема за провалување. Го уапсиле за обид за кражба.