Американец кој кажал дека провалничкиот занает го научил гледајќи телевизија, осуден е на 12 години затвор за низа провали во американската сојузна држава Кентаки.

Мајкл Хобс, од местото Вејко во Кентаки признал дека извршил пет провали. Полицијата навела дека Хобс научил како да ограбува куќи гледајќи ја серијата  “It Takes a Thief” на каналот Дискавери, во која двајца бивши осуденици им објаснуваат на сопствениците на куќите колку лесно е да  ги ограбат.

Полицаецот Стив Грег рекол дека бившите осуденици како едно од основните правила навеле дека вештите провалници никогаш не ги задржуваат украдените работи.

„Тој ништо од украденото немаше кај себе“ рекол полицаецот за Хобс. „Во неговиот стан немаше физички докази. Кога и да го посетевме, а тоа се случи неколку пати, тој велеше:„влезете, погледнете, јас ништо не сум направил“.   

J.M.