Американецот Џон Финч сам се пријавил на полицијата откако неколку дена бил заробен во куќата во која провалил, соопштиле медиумите. Финч во истата куќа во Делавер провалил и минатата година, по што сопственикот ги сменил сите брави во куќата.


Овој пат Финч влегол низ задниот прозорец. Во куќата минал неколку дена во кои успеал да изеде пет шишиња ликер, па не можел да излезе низ прозорецот. Повикал полиција и ги викнал да го извадат надвор од куќата.