Полицијата во Брадентон, помал град на Флорида, лесно го открила идентитетот на еден крадец на банка, благодарение на неговата сопруга, која без никакво размислување се јавила да го идентификува човекот за кој се мислело дека е крадецот.
Фотографијата на неидентификуваниот крадец била прикажана на локалната телевизиска станица, чии вести ги следела сопругата на разбојникот Афра Сандифар. Таа повикала полиција, која го привела Трој Сандифар пред нивниот заеднички дом.