Еден британски, добро воспитан криминалец му се извинил на сопственикот на една куќа во која провалил, бидејќи го разбудил. Тој влегол во спалната соба на 82-годишниот човек во 4 часот наутро. му се извинил и му рекол дека е во погрешна куќа по што побегнал.


Збунетиот старец го следел по скалите и видел дека излегува од задната врата во дворот. Избегал  со малку пари и накит, што кажува дека сепак не ја згрешил куќата. Полицијата подоцна нашла дел од пленот, но не и крадецот.