Британците Кејт Кулен и Пол Вигинс провалиле во еден склад за пијалаци во Свонси. Пиеле се додека не се испијаниле во таа мера што не биле во состојба да побегнат. Успеале да стигнат до дворот, каде биле пронајдени наредното утро од страна на полицијата.


Испиле алкохол во вредност од околу 700 евра, а штетата што ја направиле била двојно поголема. Кога подоцна стигнале на суд, Кулен бил сеуште толку пијан што не го пуштиле да влезе.