Сузан Ворен од Охајо провалила во туѓа куќа како би ја исчистила, но и како би оставила сметка за својата акција. Сузан на суд се изјаснила како виновна како би и ја намалиле казната за упад на туѓ имот и обид за грабеж. Таа признала дека провалила во куќата и ја исчистила истата. Раскажала дека кон крајот на мај минала со автомобил покрај куќата и сакала нешто да стори. Провалила, го изнела ѓубрето, ја избришала прашината и исчистила со правосмукалка.

Потоа оставила порака  во која го навела својот телефонски број и електронската пошта, и побарала 75 долари за работата која ја извршила. Таа рекла дека се занимава со чистење, и дека понекогаш влегува во куќите на своите клиенти, чисти и остава сметка. Станарката на куќата, девојка на 19 години, спиела за време на провалата и ја слушнала жената како оди по куќата, но претпоставила дека нејзината мајка најмила некој за чистење.