Провалник од американската сојузна држава Канзас се покажал многу педантен, но не и како добар бегалец:откако сопственичката се вратила дома тој побегнал по гаќи, а панталоните ги оставил во машината за перење алишта.
Според дополнителната реконструкција на настанот жената се вратила дома и ја нашла пералната во подрумот во неред и се качила на спратот да го повика сопругот.
Тогаш крадецот облечен во плави боксерици дошол горе, ја грабнал нејзината торбичка и излетал низ врата.
Полициската наредничка вели дека жената тргнала во потера, го стигнала и успеала да си ја врати својата торбичка. Но провалникот се уште е на слобода.