Еден човек од Ајова бил обвинет за провала откако упаднал во една црква и се послужил со црквениот телевизор за да гледа филмови за возрасни. Провалил во црквата во Амес, Ајова, собрал некои предмети, а на крајот влегол во подрумот, каде удобно се сместил. Извадил неколку филмови за возрасни кои ги носел со себе и ги ставил во црквеното ДВД за да си ја разубави вечерта.
Очигледно многу се опуштил, бидејќи бил пронајден од персоналот кој ги чува децата од предучилишна возраст наредното утро. Го пронашле откако забележале дека фалат некои предмети и откако од подрумот слушнале врева. Набрзо кога се обидувал да побегне бил уапсен од полицијата.