Полицијата во петокот пронашла еден крадец кој беспомошно висел во вентилацијата и барал помош во една пицерија во Њујорк. Крадецот Тимоти Циприани се качил на едно дрво, па на кровот на пицеријата како би влегол низ отворот на вентилацијата.
Заглавил во отворот на вентилацијата точно над големата печка од која постојано се ширела неподнослива топлина. Портпаролот на локалната полиција, Мајкл Браун, изјавил како крадецот им раскажал дека помислил оти ќе умре од топлината. Тимоти ќе биде обвинет за провала.