Полицијата во округот Калаверас во Калифорнија уапсила еден човек на 49 години кој бил затекнат како провалува во една куќа. При приведувањето на себе имал само чорапи и капут. Тоа било така затоа што за време на провалата одлучил да ја испроба сауната на сопственикот на куќата.

Тој се вратил дома во моментот кога провалникот пребарувал по шкафчињата, па го соборил на земја и лежел врз него додека не пристигнала полицијата. Провалникот рекол дека мислел како куќата е празна, и дека и претходно ја користел оваа сауна.