Хозе Николас ДеГрација провалил во домот на една старица во Нортемптон, се истуширал, се потстрижил и облекол облека од нејзиниот внук. Ставил пилешко месо да се готви и се сместил на креветот пред телевизорот. Дури и откако старицата се вратила дома, тој не сакал да си оди.
Старицата се обидела да го истера, но провалникот не сакал да го напушти удобниот дом. Пристигнала полицијата и го уапсила. Го задржале поради провала и кражба. Подоцна бил ослободен со кауција од 15 илјади долари. Хозе ги претресил сите соби во куќата и зел некои слики.